Барселона пред нов пораз: Милер и Левандовски стрелаат за Баерн Минхен (ВИДЕО)

Баерн Минхен по еден час игра на „Камп Ноу“ води против Барселона со 2-0 и се наоѓа на добар пат да освои три бодови во првото коло од групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ).

Томас Милер во 33. минута од натпреварот постигна гол за водство од 1-0, по што Роберт Левандовски една одбиена топка испрати во мрежата на Марк Андре Тер Штеген за предност од 2-0.