Балотели не сака да каже дали ќе навива за Сити или Интер, но желба му е да нема продолженија

Марио Балотели е интересен за медиумите пред финалето од Лигата на шампионите бидејќи играше и за Интер и за Манчестер Сити.
 

Напаѓачот беше запрашан за кој ќе навива вечерва, но не сакаше да каже.

„Сите ме прашуваат тоа. Не навивам за никој. Кој и да победи е во ред. Внатре во мене имам одговор на тоа прашање, но нема да кажам. Се надевам дека кој и да победи брзо ќе заврши, нема да има продолженија, во спротивно сообраќајот во Истанбул е луд“, вели Балотели.