Англиските медиуми го „масакрираа“ Гвардиол – го нарекоа глупак!
Хрватот од „Манчестер сити њуз“ добил оценка два, со коментар дека неговиот обично интензивен стил на игра сега бил невообичаено невидлив и исполнет со грешки.
„Едвај успеваше да дојде до топката и направи непотребен пенал во обид да ја поправи својата грешка“, пишуваат тие.
Гвардиол покрај Ерлинг Халанд беше оценет како еден од најслабите играчи на теренот и од порталот „Гол,“ кој му додели оцена три.
„Противникот го претрча, а Гвардиол, исфрустриран, го турна играчот и му додели пенал на Спортинг,“ наведува „Гол“.
Најостра критика дојде од новинарот на порталот „90 мин.“, кој го опиша Гвардиол како „глупак“, поради пеналот што го предизвика врз противник, кој само што влезе во шеснаесетникот.