Милевски: Само Македонија е вечна – сѐ друго е менливо!

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Боби Милевски, на денешната прес-конференција ги повика навивачите да ја поддржат репрезентацијата на претстојните натпревари против Летонија и Фарските Острови.

Станува збор за последни дуели од ова издание од Лигата на нации, во кои жолто-црвените бркаат две победи со кои ќе останат во игра за место во баражот за пласман на СП 2026.

„Ептен ни е потребно публиката да ги поддржи фудбалерите,“ истакна Милевски, кој ја нагласи важноста на присуството на навивачите, велејќи дека спортските успеси во земјата предизвикуваат еуфорија и ја зајакнуваат спортската култура.

„Секој успех носи радост, но важно е да бидеме со нашите спортисти и кога резултатите не се идеални, затоа што само Македонија е вечна, сè друго е менливо,“ додаде тој.

Македонската репрезентација има одличен старт во Лигата на нациите и се наоѓа на патот кон повисок ранг. Селекторот денеска го објави и конечниот список на фудбалери за последните два меча, кои се од клучно значење за натамошниот успех на Македонија.