Шпанците тврдат: Анчелоти е под притисок, позицијата не му е сигурна
„Релево“ во својот текст лансираше информација дека позицијата на Анчелоти веќе не е толку сигурна и Перез би можел да преземе одредени чекори, ако работите набрзо не се сменат на подобро.
Пред Реал Мадрид се две незгодни гостувања во Лигата на шампионите против Ливерпул и Аталанта, додека Барселона со натпревар повеќе има девет бода предност на врвот во Ла Лига.
Иако овој извор не наведува ниту едно име како потенцијален наследник на Анчелоти, се истакнува дека Перез во наредните недели вниматело ќе ги следи резултатите, играта, но и пазарот.
Потенцијален проблем може да биде што во овој момент нема премногу слободни опции кои би биле примамливи. Рубен Аморим потпиша за Манчестер јунајтед, Тухел се договори со Англија, па така Перез би морал добро да размисли.
За викендот Реал ја пречекува Осасуна, потоа следи репрезентативната пауза, по која „кралевите“ ќе гостуваат на Леганес и Ливерпул, а дома во следните дуели ќе ги пречекаат Хетафе и Жирона, додека имеѓу се гостувања на Атлетик Билбао и Аталанта.