Анчелоти: Не заборавајте, Белингем има само 20 години!

Карло Анчелоти уште еднаш го испофали Џуд Белингем, тој прогнозира дека Англичанецот ќе стане еден од најголемите фудбалери во светот.

На Белингем не му требаше многу да се прилагоди во Реал Мадрид, англискиот фудбалер веднаш стана главен играч на тимот.

„Не заборавајте, Џуд има само 20 години. Тој е фантастичен. Тој ќе биде еден од најважните фудбалери во иднина“, рече Анчелоти.

„Белингем е многу добар, модерен фудбалер. Многу силен, многу технички добар и не се сомневам за него“.

По враќањето од повредата Белингем има мал пад во формата, самиот тој вели дека треба да реагира на теренот.

„Не ми е грижа за критиките, треба да реагирам на теренот. Не очекував дека ќе постигнам толку многу голови, и се разбира сакам да постигнувам уште и уште... Ќе ја покажам мојата реакција на теренот“, вели Белингем.