
Алварез првпат се огласи по контроверзниот пенал: Не почувствував контакт со топката!
Пеналот на Хулиан Алварез беше главна тема минатата недела по пресметката во која Реал Мадрид го елиминираше Атлетико Мадрид во Лигата на шампиони.
Голот на Аргентинецот беше поништен со ВАР поради двоен контакт при обидот да ја шутне топката. По натпреварот меѓу Уругвај и Аргентина, напаѓачот за прв па се огласи по контроверзниот пенал.
„Го видов илјада пати. Секаде има најразлични видеа. Јас не почувствував контакт со топката“, вели Алварез.
„Ако имало двоен контакт, тогаш контактот бил толку минимален што дури и јас не можев да го исперцепирам. Но тоа е што е“.
„Сметам дека правилата треба да бидат појасни, бидејќи јас не се обидував да се стекнам со предност“.
„На пример, кога голманот ќе излезе напред и ќе одбрани пенал, пеналот се повторува. А јас не се обидов да се стекнам со никаква предност. Жално е што на крајот ми беше поништен голот“.