„Ако не ви се допаѓа како играме – не нè гледајте!“

Франција уште нема постигнато гол од игра, а се пласира во полуфиналето од Европското првенство каде ќе се судри против Шпанија.

Поради бледата игра Французите трпат критики иако победуваат. Усман Дембеле луто го искоментира таквиот момент за француските медиуми, офанзивниот фудбалер се налути на едно новинарско прашање.

„Ако не ви се допаѓа како играме, тоа е ваш проблем, можете да не нè гледате. Ако реално ги погледнете работите, ќе согледате дека не е се така негативно. Создававме многу шанси, а реализацијата недостигаше. И покрај тоа, зарем не стигнавме до полуфинале?“, изјави Дембеле.