Адеми предвреме го заврши мечот против Омонија поради повреда!

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми предвреме го заврши натпреварот против Омонија во второто квалификациско коло од Лигата на шампиони (ЛШ) откако се повреди во завршницата на првото полувреме.

Адеми по еден дуел со противникот веднаш побара медицинска помош од клупата на Динамо Загреб, а по интервенцијата на медицинските лица беше констатирано дека македонскиот фудбалер не може да го продолжи натпреварот.

Капитенот на Динамо Загреб утре го чекаат дополнителни прегледи по кои ќе биде познато за каква повреда станува збор и колку време ќе паузира.