Абрахам трагичар во пенал-рулетот: Ливерпул го освои УЕФА Суперкупот! (ВИДЕО)

Ливерпул во пенал-рулет со 5-4 успеа да слави против Челси, откако по продолженијата резултатот беше 2-2, па така „црвените“ го освоија УЕФА Суперкупот.

Челси и Ливерпул играа квалитетен фудбал од самиот старт на натпреварот, а Челси ја искористи првата посериозна шанса кон голот на противникот и Оливие Жиру ја затресе нивната мрежа за водство од 1-0.

На самиот почеток на вторите 45 минути, Ливерпул успеа да израмни преку Садио Мане, кој одлично се снајде во казнениот простор на Челси и го матираше Кепа Аризабалага и израмни на 1-1.

Во продолженијата Ливерпул направи пресврт, откако Мане во 96. минута испрати проектил во мрежата на Челси, но само шест минути подоцна Жоржињо од пенал израмни на 2-2.

Во пенал-рулетот фудбалерите на Ливерпул погодија пет пенали по ред, додека последен пенал изведуваше Тами Абрахам, кој промаши и стана трагичар на Челси во натпреварот.