Зошто Алжирците лудо го славеа голот кој го примија од Австрија во 96. минута? (ВИДЕО)

Неверојатен меч одиграа Австрија и Алжир во последното коло од групата Ј, мечот заврши 3-3, а Австријците се спасија од пораз во 96. минута.

Нерешениот резултат им одговараше на двете репрезентации, се стравуваше од можно договарање на резултатот. Дуелот заврши со реми, а дали имаше местенка или не, тоа не може да каже.

Но, имаше интересен момент на крајот. Алжирците го славеа примениот гол од Австрија. Причината е тоа што за нив нерешениот резултат беше подобар исход од победа.

Доколку победеа, за противник во нокаут фазата ќе ја имаа Шпанија, а сега со реми вкрстуваат со Швајцарија. Навивачите на Алжир го знаеа тоа, па се израдуваа кога примија гол.