Зарем е можно? Ова е најголемото промашување во историјата на фудбалот (ВИДЕО)

Фудбалот постојано нè изненадува со спектакуларни моменти, но понекогаш умеe да понуди и сцени кои ја надминуваат границата на реалното.

Таков е случајот од Мароко, каде што напаѓачот Мехди Балук го имаше едно од најголемите промашувања во историјата на овој спорт. На натпреварот меѓу Унион Спортив и Ренесенс Земамра, кој заврши со победа на домашниот тим од 2:0, Балук успеа да промаши празен гол од растојание од буквално неколку сантиметри. По одбиената топка од голманот, таа стигна право до него, но наместо да ја испрати во мрежата, напаѓачот успеа да ја погоди пречката – на изненадување на сите присутни.

Сцената брзо се прошири на социјалните мрежи и многумина ја нарекоа „најголемата утка во историјата на фудбалот“, што ќе го следи Балук уште долго време.