За ова се завршува кариера: Германецот Божиќ промаши празен гол од – три метри (ВИДЕО)
Со празен гол пред себе и без притисок од одбраната, искусниот напаѓач не успеа да ја затресе мрежата од само три метри и да му донесе рана предност на својот тим. Кемницер потоа претрпе тежок пораз на гостувањето кај Цвикау (0-4), а многумина оценија дека исходот можел да изгледа многу поинаку доколку беше реализирана ситуацијата од самиот старт на мечот.
Божиќ, кој 32-годишен германски фудбалер со српско потекло и поранешен член на младинската школа на Хофенхајм, има постигнато над 150 голови во кариерата, поради што неговото изненадувачко промашување пред празен гол е уште поневеројатно.