Нова победа на Шифрин, но и уште еден подиум за скијачката од Албанија!

Најдобрата светска скијачка, Микаела Шифрин, триумфира на денешната слаломската трка во Гургл, со што стигна до 103. победа во својата блескава кариера.

Уште еден блескав настап имаше и Албанката Лара Колтури, која вторпат сезонава, а третпат во кариерата дојде до второто место, додека третопласирана беше Швајцарката Камил Раст.

За Шифрин ова е повторување на ланскиот почеток на сезоната, кога исто така славеше на првите две трки – во Леви и Гургл. Колтури заостана 1,23 секунди зад победничката, додека Раст имаше 1,41 секунда послабо време.