Салцбург и Феенорд ги расплакаа обложувачите со неверојатни (или не) – пресврти!
Станува збор за поразите на Салцбург и Феенорд на домашен терен во пресметките со Тирол (2-3) односно НЕК Нијмиген (2-4) и тоа по водство. Победите на фаворитите носеа релативно мал, но доволно голем коефициент да намамат огромен број љубители на обложувањето, убедени дека нема да кикснат. Но, тоа не се случи. Салцбург уште во првото полувреме поведе со 2-0 за насмевки кај тие што го имаа типувано, но во второто полувреме се случи – потоп. Гостите со три гола не само што спречија пораз, туку дојдоа и до трите бода.
Составот од Ротердам, пак, почна лошо и брз прими гол, но потоа направи очекуван пресврт како најава за сигурен триумф (2-1). Но, тогаш следува нов обложувачки потоп. Гостите не само што изедначија, туку потоа со уште два гола дојдоа до победа. Ливчињата беа скинати, а социјалните мрежи „запалени“ со тврдења дека модерниот фудбал носи многу местенки и тоа секогаш на натпревари кои ги има на ливче тој што го тврди тоа.
ФОТО: EPA PHOTO