
Уште една брилијантна партија на Меси, ама шоуто (му) го украде Луис Суарез (ВИДЕО)
Аргентинската ѕвезда постигна два гола и запиша асистенција, потврдувајќи ја својата фантастична форма сезонава на МЛС-лигата. Меси го отвори резултатот во 39. минута, кога со прецизен удар од работ на шеснаесетникот ја смести топката во мрежата. Во 52. минута тој мајсторски упати долга топка од својата половина, а по лошата интервенција на голманот, Жорди Алба со елегантен лоб зголеми на 2-0. Луис Суарез во 61. минута со спектакуларен волеј од околу 16 метри ја погоди мрежата, додека во самиот финиш, во 87. минута, Меси повторно се запиша меѓу стрелците.
По одличната асистенција на Алба, кој на оваа средба најави заминување во пензија, Аргентинецот ја прими топката на гради и прецизно ја испрати во долниот агол за конечни 4-0. Неверојатниот Меси со ова стигна до 45 „бодови“ оваа сезона — со 26 постигнати погодоци и 19 асистенции — што го прави убедливо најкорисниот фудбалер во МЛС лигата.
ФОТО: X / @InterMiamiCF