Украина е шампион на СП У-20: Победата запечатена со прекрасен гол (ВИДЕО)

Украина ја победи Јужна Кореја со 3-1 во големото финале за фудбалери до 20 години, што се одржуваше во Полска. 

Корејците први дојдоа во водство преку Ли Кангинг уште во 5.минута од натпреварот од пенал. Владислав Суприага направи пресврт со два гола, а победата на Украина ја запечати Цитаишвили со фантастичен соло-гол во 89-тата минута.