Тројцата најплатени спортисти во светот се фудбалери: Меси заработува сума од која боли глава

Во светот на фудбалот се вртат неверојатни суми, па и очекувано е дека фудбалерите ќе бидат најплатените спортисти во светот. 

Според најновата листа на магазинот „Форбс“, кој прави вакви топ-листи уште од 1990 година, Лионел Меси е најплатениот спортист во 2019 година. Според нивните истражувања, Аргентинецот годишно заработува неверојатни 127 милиони долари годишно. Од Барселона на име на плата и бонуси, тој инкасира околу 92 милиони долари, додека преостанатите 35 милиони ги добива од реклами. 

Втор на листата е Кристијано Роналдо со заработка од 109 милиони долари, а зад него е Нејмар со 105 милиони. Потоа следува боксерот Канело Алварез со 94 милиони долари, Роџер Федерер е петти со 93,4 милиони. На шестото и седмото место се двајца квотербекови од НФЛ-лигата, Расел Вилсон (89,5 милиони) и Арон Роџерс (89,3 милиони).

Листата на ТОП 10 најплатени спортисти во светот ја комплетираат ѕвездите од НБА, Леброн Џејмс (89 милиони), Стеф Кари (79,8 милиони) и Кевин Дурент (65,4 милиони).

Комплетната листа на најплатени спортисти во светот можете да ја погледнете ТУКА.