Тренерот на Ривер солидарен со Бока: Ако не можат, не излегуваме на терен!

Вистинска драма се случува вечерва пред реванш-натпреварот од финалето во Копа Либертадорес, откако навивачите на Ривер плејт го нападнаа автобусот со фудбалери на Бока јуниорс.

Суперкласико вечерва требаше да биде спектакл, но полека почна да се претвора во - кошмар. Фудбалерите на Бока се повредени и само болка, тага и солзи може да се забележат во нивната соблекувална, па најавија дека не сакаат да играат вечерва.

Инаку, тренерот на Ривер, Марсело Галардо, кажа дека нема да играат вечерва, доколку фудбалерите на Бока не се во состојба да настапат на вечершниот дуел.

Сепак, „Мирор“ пишува дека претседателот на ФИФА, Џани Инфантино му се заканил на претседателот на Бока, Даниел Ангеличи дека мора да играат, а доколку не се случи тоа, тогаш ќе бидат дисквалификувани.