Трагичарот на Рома разочаран: Со глупава грешка го уништив сонот

Фудбалерите на Рома вчера не успеаа да се пласираат во четвртфиналето од Лига Европа откако беа поразени од Атлетик Билбао на гостински терен со 3-1, па така триумфот во Рим со 2-1 не им беше доволен.

Трагичар на Рома во Баскија беше искусниот германски дефанзивец Матијас Хумелс кој заработи директен црвен картон по само 11 минути игра и така ја остави својата екипа со фудбалер помалку.

Германскиот дефанзивец по натпреварот ја призна грешката и самиот е свесен дека неговото исклучување бил клучен момент.

„Жал ми е. Сакам да се извинам на навивачите и соиграчите. Сите нив ги изневерив со грешка која беше глупава. Ова се натпревари во кои екипата треба да се потпре на мене, а јас погрешив и го уништив сонот за освојување на трофеј. Разочаран сум како и сите“, објави Хумелс.

Во четвртфиналето Билбао ќе се соочи со Глазгов Ренџерс.