
На Алими не му е тешко да патува 30 часа само за да игра за Македонија!
Тој ќе патува повеќе од 30 часа од својот клуб Далиан за да биде дел од собирот на жолто-црвената селекција, закажан за во понеделник. Македонија на 22 март гостува кај Лихтенштајн, а три дена подоцна ќе го пречека Велс на арената „Тодор Проески“ во Скопје. Алими, кој беше еден од најдобрите играчи во претходното издание на Лигата на нации и кој е големо засилување во средниот ред на селекцијата на Благоја Милевски, со нетрпение го очекува новиот предизвик и ветува максимална посветеност.
„Благодарам за поддршката. Ме чека долг пат, можеби повеќе од 30 часа лет, но јас ќе бидам таму и ќе го дадам максимумот за Македонија на натпреварите против Лихтенштајн и Велс“, напиша Алими на социјалните мрежи.