Тој ги руши сите рекорди, а Гвардиола вели: Халанд не е во најдобра форма!

Елинг Халанд прикажува импресивни партии во дресот на Манчестер Сити, тој синоќа стана фудбалерот кој најбрзо стигнал до 20 гола во Премиерлигата.

Халанд изгледа страшно, на 14 меча постигна 20 голови во Премиерлигата. Синоќа со два погодоци против Лидс беше најзаслужен за триумфот од Сити од 3-1.
 
Но и покрај сите овие бројки, Пеп Гвардиола вели дека Ерлинг Халанд не е во својата најдобра форма.
„Халанд не е во својата најдобра форма, може да биде уште попрецизен, а со тоа и ние ќе бидеме подобри“, вели Пеп Гвардиола.