Телото на Емилијано Сала пристигна во Аргентина, погребот е - денеска!

Аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала загина во авионска несреќа на 21 јануари, кога  леталото се урна во Ламанш, на пат од Нант кон Кардиф.

Сала ќе биде погребан утринава во родниот град, 538 км од Буенос Аирес, а на погребот нема да има присуство на јавност, а меѓу присутните ќе биде и тренерот на Кардиф, Нил Ворнок.

Да потсетиме, со обдукција беше потврдено дека 28-годишниот Сала починал од повреда на главата и трупот, а телото на пилотот уште не е пронајдено.