
Суперкомпјутерот пресмета кој е фаворит за освојување на Светското клупско првенство
Претставници од сите конфедерации ќе се сретнат во Соединетите Американски Држави. Турнирот ќе го отвори Интер Мајами против Ал Ахли на „Хард Рок“ стадионот во Мајами, а големото финале ќе се игра во Њу Џерси.
Како и секогаш, аналитичарите од „Опта“ го активираа својот суперкопјутер за да ги направат првите прогнози околу тоа кој клуб има најголеми шанси да го освои шампионскиот трофеј. Сите можни сценарија се симулирани дури 10.000 пати, а симулациите најголеми шанси му даваат на Пари Сен Жермен.
За францускиот гигант процентот изнесува 18,5%, додека зад него следи Манчестер сити со 17.8'. Очекувано, првите 11 клубови на листата на „Опта“ се од Европа.
На третото место по шанси е Баерн Минхен со 12,8 отсто, зад него следува Интер со 12,3, Реал Мадрид има 9,8 проценти, а Челси е шести со 8,4 отсто. Потоа зад нив редоследно до 11-то место се: Борусија Дортмунд, Атлетико Мадрид, Јувентус, Бенфика и Порто.
Фото: MLS