„Суперкласико“ во Индија: Пола „бразилци“, пола „аргентинци“ и – жестока тепачка!

Ова е за неверување, ама во Индија фудбалот очигледно ги полудел Индијците, па половина се облекле во аргентински дресови, а половина во бразилски и на крај излезе – масовна тепачка.

Гледале Аргентина – С. Арабија (1-2), нема информации зашто почнала тепачката, ама не е лесно да се погоди, дека „Бразилциве“ почнале да ги мајтапат „Аргентинциве“ и се запалиле искрите, па почнале да летаат тупаници.