Суарез удри по човекот кој Гвардиола често го фали: Ја подели репрезентацијата!

Луис Суарез жестоко го критикуваше селекторот на Уругвај, Марсело Биелса и побара од навивачите да не го вперуваат прстот кон фудбалерите ако нешто не оди како што треба.

Суарез од репрезентацијата на Уругвај се прости пред помалку од еден месец, а сега одлучи јавно да зборува за односот на Биелса кон репрезентативците додека тој бил таму.

„Имаше ситуации во кои навистина бев погоден, но поради мирот не сакав јавно да зборувам. Во неколку ситуации одржувавме состаноци на кои баравме барем да не поздравува, но не го правеше тоа. Биелса на прес-конференциите зборува убави работи, а кога бевме во Њујорк еден ден ни забрани да поздравуваме луѓе. Се спротиставив на таа одлука и му кажав дека сепак ќе го правиме тоа“, изјави Суарез.

Откри Уругваецот и дека имал разговор со Биелса пред да се повлече.

„Разговаравме пет минути. Јас ги претставував играчите. На крајот од разговорот ми кажа: Ти благодарам. Барам луѓето да не им судат на играчите ако нешто не оди како што треба, Биелса ги подели“, истакна Суарез.

Биелса во фудбалскиот свет е познат под прекарот „Ел Локо“ или „Лудак“, а за него често пати пофално зборува Пеп Гвардиола.