Страшна трагедија во Африка: Загинал познат екс-јужноафрикански репрезентативец!

Бившиот фудбалски репрезентативец на Јужна Африка, Анеле Нконка, легенда на белгиски Гент загинал утринава во градот Мтунзи после страшна сообраќајна несреќа, ама полицијата се сомнева дека тој не починал од тешката незгода.

Сообраќајната несреќа се случила утринава во близина на градот, а полицијата сега спроведува детална истрага, зашто се сомнева дека екс-репрезентативецот починал од повредите кои ги здобил, па дури се сомнева дека е убиен претходно.

Нконка бил на совозачкото место, а непозната жена го возела автомобилот, а и таа сега се наоѓа во критична состојба. Анеле е легенда на Гент, за кој одигра 279 меча и има статус на клупска легенда.

Според информации од Јужна Африка, тој тргнал на преговори за да потпише договор со клубот Армазулу.