Стравично: Проектили прелетаа над фудбалски стадион на меч во Израел! (ВИДЕО)

Вниманието на најголем дел од светот во овој период е насочено кон Блискиот Исток каде што ескалираше конфликтот помеѓу Израел и Иран, а лансирањето ракети во текот на вчерашниот ден доведе до страшна сцена во фудбалски натпревар од азиската Лига на шампиони.

Иранскиот Сепахан беше домаќин на Истикол од Таџикистиан и во тој натпревар славеше победа од 4-0, но резултатот на оваа средба остана во втор план.

Во еден момент очите на сите присутни на стадионот беа насочени кон проектилите кои се појавија на небото. Во тие моменти никој не го интересираше што се случува на теренот...