Среќа или масло на ФИФА: Аргентина има чист пат до финалето! (ФОТО)

Селекцијата на Аргентина одигра маестрално во групната фаза на СП 2026, во која предводена од феноменалниот Лионел Меси стигна до три убедливи победи со осум постигнати голови од кои шест беа на најдобриот на сите времиња, со што најавија сериозна кандидатура за одбрана на титулата.

А, погледот на костурот од нокаут-фазата покажува дека „гаучосите“ имаат речиси отворен пат до полуфиналето, сигурно најлесен од сите други учесници, што на социјалните мрежи отвори дискусија дали е ова масло на ФИФА за да го види Меси во уште едно големо финале. Сензацијата на турнирот, селекцијата на Зеленортски острови е првиот ривал на Аргентина, потоа на терен би им истрчале Австралија или Египет, а во четвртфиналето би играле против селекција како Гана, Швајцарија, Алжир и Колумбија.

Без разлика на позадината, Аргентинците досега покажаа дека со право ги сметаат можеби за најголем фаворит, со оглед на убавиот фудбал што го прикажуваат и пред се фантастичната форма во која се наоѓа Меси.