Србија преку Митровиќ ќе се обиде да ја урне Костарика (ФОТО)

Денеска од 14 часот почнува првиот натпревар од денешната програма на Светското првенство во Русија, помеѓу Костарика и Србија.

Двете репрезентации го играат првиот меч и ја отвораат групата Е, а нашиот северен сосед е фаворит во средбата, а тоа може да го забележиме и од составот, кој ќе излезе на мегдан против Костарика.

Во групата Е се наоѓаат уште репрезентациите на Швајцарија и Бразил, кои играат вечерва од 20 часот.