Србија без Влаховиќ во најважниот меч на СП во Катар?

Северниот сосед Србија ќе мора најверојатно задутре претпладне да брка победа за да остане во трката за осминафинале против Камерун (11 часот) во својот најважен меч без првата ѕвезда и најскапиот свој фудбалер, напаѓачот Душан Влаховиќ.

Регионалната телевизија „Спортклуб“ ја објави информацијата дека безмалку извесно е дека Драган Стојковиќ – Пикси ќе мора да игра на победа без Влаховиќ, кој беше незаздравен од повредата здобиена пред нешто повеќе од еден месец во Лисабон во ЛШ на мечот за Јувентус, па центарфорот едвај го завршил мечот со Бразил на кој влезе од клупата за резерви на средина од вториот дел.

„Готово е сигурно дека Влаховиќ нема да биде стартер“, објави „Спортклуб“.

Влаховиќ повторно почувствувал болки во бутот поради кој не го дозаврши есенскиот дел од сезоната за Јувентус и беше во рехабилитациска програма.