Спировски промовиран во Хапоел: Едвај чекам да заиграм пред навивачите во Тел Авив!

Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски денеска и официјално беше промовиран за нов член на израелски Хапоел Тел Авив со кој потпиша тригодишен договор, откако речиси сè беше договорено на гостувањето со Македонија на квалификацискиот меч со Израел.

Спировски доаѓа во Хапоел од унгарски Ференцварош, каде поради слаба минутажа реши да си замине. Битолчанецот во Будимпешта замина пред две години од Вардар, откако го обезбеди историскиот настап со црвено-црните во Лига Европа.

„Драго ми е што сум тука и се надевам дека заедно ќе ги исполниме целите. Многу убави работи слушнав за Хапоел, за Тел Авив и едвај чекам да истрчан на стадионот пред навивачите. Се надевам дека ќе им донесеме многу радости во оваа сезона“, рече Спировски.