Шпанија и Германија одиграа нерешено, сè ќе се решава во последното коло (ВИДЕО)

Дербито од групата Е меѓу Шпанија и Германија заврши нерешено, 1-1, сите четири селекции имаат шанси за пласман во осминафиналето од Светското првенство.

Во второто коло на Мундијалот во Катар, Шпанија и Германија одиграа борбено и возбудливо дерби со повеќе шанси и два гола, победник немаше.
 
Првпат мрежата беше затресена во 40. минута кога Ридигер погоди, но неговиот гол беше поништен поради офсајд.
 
Во 54. минута во игра влезе Алваро Мората, а само осум минути подоцна тој по асистенција од Алба донесе водство за Шпанија од 1-0.
 
 
И германскиот селектор одговори со ставање на класичен напаѓач. Шанса од клупата доби Филкруг кој постигна гол во 83. минута за израмнување на 1-1. Тоа беше и конечниот резултат на мечот.
 
 
По две одиграни кола Шпанија е прва со четири бода, Јапонија и Костарика имаат по три, Германија е последена со еден бод.
 
Во последното коло Шпанија игра против Јапонија, Германија против Костарите.