Шпанците Мундијалот на кој ќе ја бранат светската титула ќе го гледаат на „Нетфликс“

Мундијалот во земјата на актуелните светски шампиони и еден од организаторите на турнирот во 2030 година, Шпанија ќе се гледа на „Нетфликс“.

Американскиот стриминг-сервис ги откупи правата за пренос на шпанска територија за Светското првенство кое со Шпанија заедно ќе го организираат Мароко и Португалија.  

Со договорот се опфатени сите 104 натпревари на турнирот на кој ќе настапат 48 репрезентации. Од „Нетфликс“ соопштија дека во Шпанија секој натпреварувачки ден по еден натпревар ќе биде достапен бесплатно. Дополнително, потврдија дека пакетот што ги вклучува сите натпревари на шпанската репрезентација, како и двете полуфиналиња и финалето, ќе ѝ го отстапат на една од националните телевизии во Шпанија.

„Нетфликс“ во последните години сè почесто навлегува во преносите на поединечни спортски настани. Платформата обезбеди долгорочни права за НФЛ, а пренесуваше и боксерски мечеви. Претходно оваа година беше објавено дека договорот со НФЛ, кој важи до сезоната 2029/30, ќе опфаќа неколку ексклузивни натпревари, вклучувајќи го и оној на Божиќ. На 11 декември платформата ќе го пренесува и боксерскиот меч меѓу Тајсон Фјури и Ентони Џошуа.

Стекнувањето на правата за Светското првенство, чиј домаќини ќе бидат Шпанија, Португалија и Мароко, а дел од натпреварите ќе се играат и во Уругвај, Парагвај и Аргентина по повод стогодишнината од турнирот, претставува досега најголемото навлегување на платформата во машкиот фудбал.