Грозданова ги водеше фудбалерките до 19 години до победа со Косово

Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години предводена од селекторот Кирил Изов славеше победа во вториот контролен натпревар против Косово со 3-1.

Македонија многу рано уште во петтата минута со голот на Меланија Грозданова го отвори резултатот, но и Косово брзо се врати кога Олса Мачестена израмни три минути подоцна.

Со по еден гол на двете страни се замина и на паузата. Второт водство за Македонија донесе Теона Галабовска во 56-тата минута, конечниот резултат го постави Грозданова со својот втор погодок на средбата во 89-тата минута.

Претходно во натпреварот кој се одигра во Приштина немаше победник и заврши 1-1, стрелец за Македонија во тој дуел беше Јована Каралиоска.