Шок за Артета: Остана без најдобриот стрелец до крајот на сезоната!

Aрсенал минатиот викенд не играше натпревар бидејќи претходно го заврши својот настап во ФА Купот, па Артета ја искористи можноста да го одведе тимот на кратки подготовки во Дубаи.

Но, од Блискиот исток пристигнува лоши вести за навивачите на Арсенал. Германскиот напаѓач, Каи Хаверц се здобил со повреда на задната ложа во текот на тренингот. Германецот ќе мора да оди на операција, а тоа значи дека за него актуелната сезона е завршена.

Отсуството на Хаверец сигурно ќе биде тежок удар за Артета бидејќи тој беше најдобриот стрелец на екипата со девет голови на 21 натпревари, а додаде и три асистенции во Премиер лигата. Исто така во Лигата на шампионите на осум натпревари постигна четири гола и запиша две асистенции.

Во нападот Артета во овој момент на располагање ги има само: Тросар, Енвавери и Стерлиг, додека надвор од терените се: Хаверц, Жесус, Сака и Мартинели.