Шкотски клуб им даде отказ на 17 фудбалери поради коронавирусот

Шкотска е една од ретките земји каде со прекин заврши фудбалската сезона.

Пред неколку дена беше донесена одлука да се стопираат сите натпреварувања, а многу екипи се најдоа во голема криза, без оглед на крајот на сезоната.

Така, членoт на Чемпионшип, екипата на Данфермлајн, мораше да отпушти дури 17 фудбалери за да ја преживее кризата. Факт е дека нема пари во Шкотска затоа што најголем дел од приходите доаѓаат од билети, а нема да има навивачи ниту во наредните месеци.

Данфермлин немаше друг избор освен да го отпушти целиот тим и сега ќе мора да започне одново.

За жал, нашиот клуб не е во состојба да понуди нови договори на играчите. Не знаеме кога повторно ќе излеземе на теренот и немавме други опции освен оваа. Го направивме ова за да ја заштитиме иднината на клубот. Не беше лесна одлука, велат од клубот.

Овој клуб ја заврши сезоната на шестото место на Чемпионшип.