Селекторот што победува не се менува: Де ла Фуенте ќе ја води Шпанија и на СП 2030

Претседателот на Кралската шпанска фудбалска федерација, Рафаел Лоусан изјави дека организацијата планира да ја продолжи соработката со селекторот на репрезентацијата Луис де ла Фуенте барем до Светското првенство во 2030 година.

Се очекува наскоро двете страни да почнат разговори за нов договор што би ги подобрил моменталните услови на специјалистот и би го продолжил неговиот престој на чело на „Ла Фурија“.

„Може да се каже дека Де ла Фуенте ќе остане со нас долго време. Јас бев тој што се занимаваше со неговото претходно обновување на договорот. Во тоа време имав чест да склучам важен, неопходен и фер договор. Сега нашата задача е, доколку е можно, да ги подобриме неговите услови и да ја продолжиме соработката“, рече Лоусан.

Де ла Фуенте ужива целосна доверба од раководството на Шпанската федерација, а намерата е тој да остане на чело на репрезентацијата за Светското првенство во 2030 година чиј ко-домаќин ќе биде Шпанија, па „фуријата“ ќе стане првата репрезентација во историјата што ќе ја брани планетарната титула на домашен терен.