Се појавило експлицитно видео: Нов скандал во разводот на Ванда и Икарди

Разделбата помеѓу Мауро Икарди и Ванда Нара е една од темите која често се наоѓа во медумите, па така сега се појави нов момент во целиот случај.

Имено, како што пренесуваат италијанските медуми, Икарди ја тужел Ванда поради снимка со експлицитна содржина која во 2021 година била објавена на друштвените мрежи.

Икарди тоа видео го испратил на Ванда, а иако истото било избришано, фудбалерот бара отштета. Претпоставките се дека видеото го објавила извесна Наташа Реј која е инфлуенсерка и пријателка на Ванда.

За случајот се огласи и сегашната партнерка на Икарди, Чина Суарез.

„Адвокатите веќе се занимаваат со овој случај! Поднесовме тужба бидејќи ова е противзаконски. Вакви работи можат да му се случат на секого, се работи за итимна и приватна снимка и треба да има казни“, изјавила девојката на напаѓачот.

Ванда сепак демантира дека било што испратила на некого.

„Не знам зошто се обидуваат да ме обвинат. Ќе докажам дека ништо на никого не сум испратила“, порача Ванда.