Се појави името на освојувачот на „Златната топка“ (ФОТО)

Вечерва во Париз со почеток од 21 часто ќе биде одржана церемонијата за доделување на „Златната топка“, но очигледно веќе е познат освојувачот на наградата.

Веќе со месеци се шпекулира дека освојувач ќе биде Лука Модриќ, а неодамна се појави и неофицијален пласман на првите тројца (Модриќ, Кристијано Роналдо и Антоан Гризман), додека сега на помалку од три часа пред стартот на церемонија пристигна фотографија од списокот.

Наградата очигледно ќе ја освои Модриќ, кој според фотографијата освои 753 бодови, Роналдо има 476, а Гризман 414.

Неофицијалните податоци покажуваат дека на четврто место ќе биде Килијан Мбапе со 347 бодови, додека Лионел Меси е петти со 280 бодови. По нив следуваат Мохамед Салах со 188, Рафаел Варан со 121, Еден Азар со 119, Кевин Де Брајне со 29, Хари Кејн со 25...