Се чека отказот на Јуриќ: Познати кандидатите за нов тренер на Рома

Oстанувањето на Иван Јуриќ на клупата на Рома е доведено под голем знак прашалник по вчерашниот пораз на „волчицата“ од Верона со 2-3.

Италијанските медиуми веќе одредено време пишпуваат за можна смена на Јуриќ, а сега е објавена и листа на потенцијалните кандидати кои би можеле да го наследат хрватскиот стратег.

Во игра за нов тренер на Рома наводно се: Френк Лампард, Масимилијано Алегри, Пауло Соса, Роберто Манчини и Маурцио Сари. Исто така претходно се споменуваше и враќање на Де Роси кој се уште е на платниот список на римскиот клуб.

Рома во овој момент е одалечена девет места од местата кои водат во Лигата на шампионите и е само пет бода пред екипите во опасната зона. Од своето доаѓање на клупата, Јуриќ освои само десет од можните 21 бод.