Саудијците целат кон повеќе играчи од Премиерлигата, најголеми ѕвезди се Салах и Де Брујне!
Според „ЕСПН“, Саудијците фрлиле око на повеќе фудбалери од Премиерлигата, медиумот посочи девет играчи.
Најголеми ѕвезди се Мохамед Салах и Кевин Де Брујне, а покрај нив интерес има и за Вирџил ван Дајк, Алисон, Рафаел Варан, Касемиро, Бруно Фернандеш, Бернардо Силва и Андреас Переира.
Поранешниот египетски фудбалер, Ахмет Мидо за Салах рече дека тој дури и го потпишал договорот со саудискиот клуб кој се интересира за него.