Роналдо против Роналдо: Бразилецот му „удри заушка“ на самобендисаниот Кристијано!
Новинарот за време на разговорот ја пренесе изјавата на Вејн Руни, кој во еден претходен настап изјави дека не го мрази Роналдо, но смета дека Меси е подобар играч. Португалецот на тоа одговори директно:
„Немам проблем со неговото мислење, но не се согласувам. Јас сум подобар од Меси. И нема да се обидувам да звучам скромно. Себе си се сметам за најдобар фудбалер на сите времиња“, категоричен е Кристијано
Таа изјава предизвика реакција и кај легендарниот бразилски напаѓач Роналдо Назарио, кој во својата кариера важеше за еден од најдоминантните напаѓачи во модерниот фудбал.
„Некои луѓе имаат премногу самодоверба. Повеќе сакам другите да зборуваат за мене отколку јас самиот. Кристијано сигурно е еден од најдобрите во историјата, но најдобар? Со тоа не се согласувам. Но, го почитувам неговото мислење. Би рекол дека е во првите десет“, изјави легендарниот офанзивец.
Роналдо Луис Назарио де Лима е еден од најславните напаѓачи во историјата. Играше за ПСВ, Барселона, Интер, Реал Мадрид и Милан, а со Бразил освои две светски титули (1994 и 2002). Трипати беше прогласен за најдобар играч во светот, и покрај бројните повреди остана симбол на извонреден талент и решавачки инстинкт.
Дуелот Роналдо – Меси, пак, долго време ја дели фудбалската јавност. Португалецот пет пати ја освоил „Златната топка“ и шест пати бил втор, додека Аргентинецот има рекордни осум „Златни топки“ и пет пати бил втор – секогаш зад Роналдо.