Роналдо пак на пауза - два меча суспензија и 5.000 евра казна

Минатата недела Кристијано Роналдо беше исклучен на натпреварот од Суперкупот на Саудиска Арабија откако удри противнички играч и сакаше да го нападне главниот судија.

Дисциплинската комисија го суспендира Португалецот на два меча и парична казна од 5.000 евра поради што Ал Наср испратил жалба на одлуката. Во неа, клубот пишува дека црвениот картон е неправдено покажал затоа што немало насилно однесување со оглед на тоа што двајца фудбалери се бореле за топката.

Неиграњето на Роналдо на следните два меча, сепак, нема да остави последици ни по него, ни по клубот. Ал Наср нема шанси да ја освои шампионската титула, а Роналдо е блиску до Златната копачка во саудиското првенство бидејќи предноста во однос на Митровиќ е голема, а Србинот е и повреден.