Роналдо нема да игра за Португалија до наредната година!?
Откако ги пропушти средбите во септември, Роналдо повторно нема да игра и тоа на натпреварите против Полска, Италија и Шкотска, кои репрезентацијата ги игра во овој и следниот месец.
Да потсетиме, Портуалците прво играат против Полска во Лигата на нации, па против Шкотска во пријателски дуел, а во наредниот месец повторно против Полска и Италија.
Инаку, некои од португалските медиуми пишуваат дека Португалецот се решил на ваков потег поради скандалот со кој се соочува дека силувал една девојка во 2009. година во Лас Вегас, па сака да биде што подалеку од очите на јавноста.
Поради тоа што Роналдо нема да игра на ниту еден од тие натпревари, тоа значи дека во репрезентативниот дрес ќе го видиме најверојатно од наредната година.