Роналдо: Луѓето веруваа во мене и во мојата работа

Кристијано Роналдо сериозно се наметна за МВП и за Златна копачка на Светското првенство со хет-трикот против Шпанија. 

Тој вели дека неговата игра вечерва во Сочи е резултат на напорна работа изминативе години, но и поради вербата на луѓето во него.

„Овој натпревар беше резултат на макотрпната работа изминатите години. Луѓето веруваа во мене и во мојата работа за Португалија. Се обидовме да победиме. Ремито е реално покрај сите шанси, но морам да признаат дека Шпанија ја контролираше топката. Тимот се бореше до самиот крај, но игравме против еден од фаворитите за трофејот“, изјави Португалецот по натпреварот со Шпанија.