
Роналдо ќе живее во „кралски“ дворец со олимписки базен и три вили (ФОТО+ВИДЕО)
Роналдо во Ријад е дочекан како „крал“, па таков третман и ќе има, зашто ќе живее во еден дворец во најубавата населба во престолнината на Саудиска Арабија, кој чини 14 милиони евра и има три вили и олимписки базен.
Главната куќа во најлуксузниот дел на Ријад, Ал Мухамадијах има осум спални соби, теретана, а плус дополнителни три вили, олимписки базен во кој неговите деца ќе може секојдневно да се забавуваат, плус и водопад крај влезната врата во дворецот.
Децата на Роналдо ќе одат во интернационалното училиште Ал Нахела, кое е во сама близина на дворецот, а и стадионот на Ал Наср не е така далеку од него.