„Роналдо е сѐ во Ал Наср, од играч до - спортски директор“

Бразилскиот фудбалер Алекс Телес летово го напушти Ал Наср по една година помината во клубот и е изненаден од она што го забележал таму.

Најмногу бил фасциниран од моќта што ја има Кристијано Роналдо. Јасно е дека станува збор за една од најголемите ѕвезди во историјата на фудбалот, но Телес тврди дека за се во клубот се прашува Португалецот.

„Роналдо ја има целата моќ во Ал Наср поради својот имиџ и успесите во кариерата. Тој сака околу себе да го има најдоброто и самиот решава и за играчкиот кадар и за функционирањето на екипата. На негово инсистирање и јас лани се преселив таму“, открива Телес.

И покрај големите амбиции, Ал Наср со Кристијано Роналдо се уште не освоил ниеден трофеј за 18 месеци колку што е Португалецот таму.