„Роналдо дојди кај нас, ние ќе ти пружиме љубов и почит!“

Веќе е сигурно дека Кристијано Роналдо ќе си оди од Манчестер јунајтед по завршувањето на Светското првенство, а прашање е само каде. Се шпекулира со Спортинг, со Челси, се зборуваше дури и за Наполи, но излезе и една неочекуваната понуда - од Австралија.

Првиот човек на австралиската А-лига, Дени Таунсенд, за тамошните медиуми изјавил дека со раширени раце ќе го дочекаат Португалецот на својот континент.

„Роналдо рече дека не добива доволно љубов и почит од Манчестер јунајтед, но ние сигурно може да му дадеме и љубов и почит во Австралија. Можеби не можеме да се натпреваруваме финансиски со другите понуди, но имаме што друго да понудиме“, рече Таунсенд.

 

Роналдо имаше интервју со новинарот Пирс Морган, во кое „истури“ се од душата, велејќи дека не го почитува тренерот Ерик Тен Хаг, дека не се чувствува почитуван самиот од клубот, а префрли и за неколку сегашни и поранешни соиграчи.