Роналдо бараше од судијата да му го запишат голот - тврдеше дека ја удрил топката (ВИДЕО)

По мечот се појавија снимки од кои се гледа дека Кристијано Роналдо бара од судиите првиот гол на Португалија да биде запишан на негово име, тврди дека ја удрил топката.

Португалија со два гола на Бруно Фернандеш го победи Уругвај и се пласираше во осминафиналето од Светското првенство. Но, првиот погодок донесе дилеми дали тоа е погодок на Кристијано Роналдо, прво му беше запишан нему.
 
На успорените снимки тешко може да се види дека Роналдо ја удира топката, но некои велат дека тој го тврди тоа.
„Ме фасцинира тоа што по натпреварот Роналдо му покажуваше на судијата како ја допрел топката. Не знам дали на Роналдо му е потешко што излезе пред пеналот или тоа што не му е запишан голот. Но, тоа е тоа што го двои од останатите, таа неверојатна глад за голови поради која е еден од најголемите играчи на сите времиња. Секој кој некогаш играл фудбал гледа дека тоа не е негов гол, топката воопшто не доби ротација“, вели Јошко Јеличиќ во емисија на ХРТ.
 
Пирс Морган кој го правеше бомбастичното интервју на Роналдо, тврди дека Португалецот ја допрел топката и голот треба да му биде препишан нему.